Реал се откажа: Погба не доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“

Пол Погба со години наназад флертува со Зинедин Зидан, се најавуваше дека Французинот летово ќе му се приклучи на својот сонародник во Реал Мадрид, но тоа нема да се случи. Претседателот Флорентино Перез донел одлука воопшто да не испраќа понуда до Манчестер Јунајтед за Погба и за истата веќе го известил и Зидан, кој го прифатил ставот на првиот човек на клубот.

Причината е јасна – Јунајтед бара 100 милиони евра, а Перез се сомнева дека францускиот плејмејкер вреди над половина од оваа сума. Во ситуација кога во трката е и Јувентус „кралевите“ не сакаат да влезат во наддавање со „старата дама“, па решија вниманието да го насочат кон други опции на пазарот. Приоритет за летово ќе им биде навалната линија, се подготвува понуда за Халанд од Борусија Дортмунд, а во период на криза поради коронавирусот Перез нема намера да троши уште 100 милиони евра за освежување на средниот ред.

По ваквиот развој на настаните за очекување е Јувентус да ја искористи ситуацијата и да ја спушти цената на Погба на околу 70 милиони евра, за враќање на францускиот плејмејкер во таборот на „црно-белите“ од Торино.

Се вчитува...