Реал со неверојатен пресврт до триумф против Жалгирис, Панатинаикос подобар од Будуќност

Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа и до петтата победа во Евролигата, славејќи на гостувањето против Жалгирис со 79-90.

„Кралевите“ до победата стигнаа благодарение на неверојатен пресврт во последната четвртина која ја добија со 11-28. Претходно Жалгирис постојано ја контролираше играта и резултатот, но залудно кога на крајот не успеаја да му се спротистават на фаворитот.

Најефикасени во победата на Реал Мадрид беа Ентони Рендолф со 16 поени и Руди Фернандес со 15 поени, дополнети и со седум асистенции. Во домашниот табор се издвоија Јанкунис и Волтерс со 18 односно 16 постигнати поени.

Панатинаикос сосема очекувано стигна до победа на гостувањето против Будуќност од 67-72. Црногорците се уште се без победа во Евролигата.

Се вчитува...