Реал во финишот ја урна храбрата Аталанта, Сити рутински против Менхенгалдбах (ВИДЕО)

Храбрата Аталанта не успеа да издржи и во финишот потклекна пред Реал Мадрид. Откако тимот од Бергамо 70-тина минути успеа да се одбрани со играч помалку откако Фројлер доби црвен картон во 17. минута, Менди во 86. донесе минимален триумф за „кралевите“ пред реваншот.

Манчестер Сити стигна до рутински триумф на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах од 0-2. Бернардо Силва во првото полувреме и Габриел Жезус во вториот дел му донесоа одлична предност на премиерлигашот пред реваншот.

Се вчитува...