Реал во финишот се спаси од срам, Феликс херој на Атлетико, рутински победи на Англичаните (ВИДЕО)

Реал Мадрид во финишот се спаси од срам на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах откако во последните моменти од мечот стигна до реми 2-2. Маркос Турам  два гола ја начна одбраната на шпанскиот шампион, а по многуте пропуштени шанси во вториот дел за Германците во финишот стигна казна. Прво Карим Бензема во 86. минута намали на 2-1, додека Кашемиро во 93. ги постави конечните 2-2.

Жоао Феликс е херојот на Атлетико Мадрид. „Душекчиите“ на иглени уши стигнаа до победа против Ред Бул Салцбург од 3-2. Маркос Љоренте во 29. минута донесе водство за домаќините, а до крајот на полувремето Шобошлаи успеа да донесе израмнување во 40. минута. Бериша во 47. донесе изненадувачко водство за австрискиот шампион, но потоа Жоао Феликс со головите во 52. и 85. минута го спаси шпанскиот тим од срам.

Англиските претставници Ливерпул и Манчестер Сити стигнаа до рутински победи. „Црвените“ го совладаа дански Митјиланд со 2-0. Диого Жота и Салах од пенал беа стрелци за Ливерпул. „Граѓаните“ беа подобри на гостувањето кај Олимпик Марсеј со 0-3, а во листата на стрелците се запишаа

РЕЗУЛТАТИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ:

Аталанта – Ајакс 2-2

Атлетико Мадрид – Салцбург 3-2

Борусија М. – Реал Мадрид 2-2

Ливерпул – Митјиланд – 2-0

Олимпик Марсеј – Манчестер Сити 0-3

Порто – Олимпијакос 2-2

Се вчитува...