Баерн Минхен долго важеше за фаворит во трката по Дајо Упамекано, но со најновиот развој на настаните сега дефанзивецот на Лајпциг е многу поблиску до Реал Мадрид отколку до преселба на „Алијанц Арена“.
Лајпциг не сака да продаде играч на директен ривал за највисок пласман, а Баерн веќе најави намалување на инвестициите и нетрошење на огромни суми на нови фудбалери, поради кризата што ќе ја донесе со себе коронавирусот. Челниците на Лајпциг ќе бараат 60 милиони евра за Упамекано, сума што „кралскиот клуб“ е подготвен да ја плати за да го доведе овој врвен дефанзивец во својот табор.
Одличниот одбранбен играч веќе им соопштил на тренерот и на управата на клубот дека сака да си замине во текот на летото, Лајпциг е подготвен да го пушти, но и добро да го наплати трансферот на 21-годишниот ас. Упамекано сезонава настапи на 29 средби за овој бундеслигаш, импресионирајќи со стабилноста во играта иако станува збор за млад играч. Претходно интерес за неговите услуги искажа и Арсенал, но „топчиите“ важат за аутсајдери во оваа трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА