Реал возврати на желбата на Ковачиќ за заминување: Нека платат 300 милиони евра отштета

Европскиот првак Реал Мадрид веднаш реагираше на ставот на хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ кој истакна дека има намера да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ во овој летен преоден рок. Ставот на „кралскиот клуб“ е дека интересентите за услугите на Ковачиќ ќе треба да ја платат отштетната клаузула вредна 300 милиони евра.

„Размислувам за заминување. Би заминал во клуб во кој ќе имам поголема минутажа“, истакна Матео Ковачиќ од Русија, каде настапува за селекцијата на Хрватска.

Но, Реал Мадрид веднаш потенцираше дека Хрватот има актуелен договор со клубот до 2021 година и отштетната клаузула е 300 милиони евра. „Кралевите“ немаат намера да го ослободат од обврските за помала сума од клаузулата.

Се вчитува...