Реал за историја – прв клуб со 150 победи во ЛШ

Големата победа во Минхен воедно значеше и заокружување на фантастичен јубилеј на Реал Мадрид, откако „кралевите“ на „Алијанц арена“ станаа прв клуб со 150 победи во Лигата на шампионите.

Најтрофејниот европски клуб игра одлично во последните сезони, во денешниот меч влезе со 149 победи во елитното европско натпреварување, за бројката да ја заокружат токму против еден од најдобрите клубови на денешницата, и тоа на гостински терен.

На второто место зад Реал Мадрид на оваа листа се наоѓа Барселона со 138 победи во ЛШ, Баерн Минхен со 128, Манчестер јунајтед со 114 и Јувентус со 87 победи.

Се вчитува...