Реал засилен на „Стемфорд Бриџ“ – Валвереде негативен, Марсело „ослободен“

Реал Мадрид утревечер од 21 часот гостува на „Стемфорд Бриџ“ во реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на Шампионите. „Кралскиот клуб“ на овој дуел влегува со „негатива“ од еден гол во однос на првиот дуел (1-1), но добри вести за Зинден Зидан пред дуелот против Челси е враќањето на Федерико Валверде и Марсело.

Играчот од средниот ред кој во претходните две недели беше позитивен на коронавирусот на последните тестирања доби негативен тест што значи дека може да му помогне на својот тим против „сините“. Уругваецот не беше во составот претходните денови, но во секој случај ќе патува во Лондон, а со оглед на тоа што Зидан го цени овој фудбалер нема да виде изненадување доколку настапи на теренот од самиот почеток.

Покрај Валверде во составот ќе биде и Марсело кој беше „ослободен“ од својата граѓанска должност како дел од избирачко место во Мадрид. Бразилецот денеска се појави онаму каде што треба, но добил дозвола за ја напушти Шпанија па ќе отпатува со својот тим на „Островот“.

Рамос и Менди исто така ќе бидат дел од тимот, па единствен посериозен проблем за „кралевите“ е неиграњето на Рафаел Варан.

Се вчитува...