Ребиќ сака да го напушти Милан и да се врати во Ајнтрахт

Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ побарал од раководството на Милан да го напушти „Сан Сиро“ и да се врати во Ајнтрахт Франкфурт, од каде што и дојде во италијанскиот калчолигаш како големо засилување. Но, не ја добива адекватната минутажа во редовите на Милан, а сака да се наметне за настап во хрватската фудналска репрезентација на ЕВРО 2020.

Ребиќ добил совет да замине во тим каде што ќе игра многу повеќе ако сака да добие повик во националниот тим за настап на Европското првенство следното лето. Хрватот посакува да се врати во Ајнтрахт Франкфурт како позајмен играч и да го одигра вториот дел од сезоната во Бундес-лигата.

На Ајнтрахт Франкфурт оваа сезона исто така не му оди најдобро, се наоѓа на 12.позиција на табелата со 18 бода по 15 одиграни кола во германскиот шампионат.

Се вчитува...