Украинскиот селектор Сергеј Ребров го објави списокот за претстојните квалификациски средби за ЕП 2024 што ќе се одржат во месец октомври.
Украина на 14 октомври ќе ја пречека Македонија на неутрален терен во Прага, три дена подоцна избраниците на Ребров ќе гостуваат на аутсајдерот Малта, со надеж за освојување на максимални шест бода и задржување на шансите за пласман на ЕВРО 2024.
Значајна вест за Украинците е враќањето на Руслан Малиновски, поранешниот фудбалер на Аталанта и Олимпик Марсеј кој неодамна потпиша за Џенова, па сега ќе биде сериозен адут на својот национален тим во походот по две победи во октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА