Ред бул го избра Гасли за наследник на Рикиардо

Неполн месец им беше доволен на челниците на Ред бул да донесат одлука околу наследникот на Дани Рикиарди за наредната сезона, откако вечерва беше објавено дека шанса ќе добие Пјер Гасли.

Станува збор за млад и талентиран возач што е дел од Торо Росо, тим што важи за „развојна станица“ за Ред бул. Гасли го освои четвртото место во Бахреин, што е најдобар резултат на болид со мотор на Хонда од 2015 година. Потоа следешеа седмо место во Монако, па шеста позиција во Унгарија, што дава оптимизам во Ред бул дека со помоќен болид младиот Гасли би можел да се бори и за највисок пласман.

Од првиот момент кога влезе во Формула1, Пјер Гасли покажа дека е неверојатен талент што Ред бул го следи низ целата негова кариера. Нормално е сега да му дадеме шанса и поддршка и на најголемата сцена“ – објавија од раководството на Ред бул.

 

Се вчитува...