Ред Бул размислува за жалба на одлуката за казната на Хамилтон

Раководството на Ред Бул размислува дали да поднесе жалба на одлуката за казната на Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Велика Британија која се возеше на патеката Силверстоун.

По сударот во првиот круг од трката со Макс Ферстапен, младиот Холанѓанец мораше да ја заврши трката, додека десетте секунди кои ги доби казна Британецот на крајот не значеа ништо бидејќи тој успеа да стигне до триумфот.

„Имаме правна можност на располагање. Ќе погледнеме и ќе разговараме за тоа. Неприфатливо е тоа што го направи Хамилтон. Макс му даде простор и беше пред него. Не можете да го поминете од внатрешна страна. Казната од десет секунди е навистина смешна“, изјави таткото на Ферстапен. 

 

Се вчитува...