Ред Бул во чест на Хонда со променет изглед на ГН на Турција (ВИДЕО)

Болидите на Ред Бул за Големата награда на Турција ќе имаат променет изглед со бела боја, со што австрискиот тим ќе се опрости од Хонда која на крајот на сезоната заминува од шампионатот на Ф1.

Јапонскиот производител на автомобили, мотоцикли и електрична опрема во 2019 година стана главниот снабдувач на агрегати за Ред Бул, а и покрај тоа што соработката на Хонда и Ред Бул ќе продолжи и во 2022 година, Јапонците заминуваат од Формула 1.

Ваквиот гест беше планиран за Големата награда на Јапонија и стазата „Сузука“, но трката беше откажана поради пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...