RED BULL GYM CLASH: Ова е тимот што ќе не претставува на Светско во Египет (ФОТО)

На 25 април, во Скопје, се одржа националното Red Bull Gym Clash финале, каде шесте најдобри сали за вежбање во Македонија се натпреваруваа во серија фитнес предизвици, а само една сала обезбеди место на светското финале во Египет.

Минатата сабота, премиерно се одржа Red Bull Gym Clash во Македонија – возбудлив глобален фитнес натпревар во кој учествуваа најдобрите македонски сали за вежбање, претставени од својот најдобар тим од две жени и двајца мажи.

Во борба за место на светското финале во Египет настапија тимовите од Basement, CrossFit Скопје, Nagomy, Фитнес Фабрика, FitHub и X-Fit Битола. Натпреварот беше поделен во три рунди, каде спортистите се натпреваруваа во групи од по два тима:

  • Basement и CrossFit Скопје, Nagomy и Фитнес Фабрика & FitHub и X-Fit Битола.

Во серија од три рунди во вкупно 40 минути со кратка пауза од 5 минути меѓу нив, секоја  рунда им носеше различен предизвик на тимовите: тестирајќи ја нивната сила, издржливост и вештина, а покрај предизвиците, сите тимови го дадоа својот максимум во трите сегменти од натпреварот.

Атмосферата во текот на целиот натпревар беше неверојатна, а посебна улога имаше и публиката, која со нивната гласна поддршка и непрестано бодрење, им даваше дополнителен стимул на тимовите во клучните моменти да го извлечат максимумот од секој предизвик.

По трите рунди, тимот што имаше најдобри резултати и покажа конзистентност во сите сегменти од натпреварот, беше FitHub. Со силен тимски настап, одлична координација и најдобри резултати во сите три категории, го обезбедија првото место и пласман на светското финале во Египет.

На натпреварот беше присутен и Лука Џукиќ, кој за националното финале и победничкиот тим изјави:  “Тимот на FitHub беше многу импресивен! Беа први во сите три категории – е тоа е навистина импресивно. Исто така беше неверојатно да се гледаат сите тимови, баш се осеќаше нивниот адреналин, нивната енергија и беше супер борба! Чест ми е што бев дел од организацијата и едвај чекам да ги гледам FitHub во Египет!”

Тимот на FitHub, во состав од Вики Петроска, Моника Костовска, Борче Глафче и Петар Дешлиевски, доминираше во текот на целиот натпреварот, со нивната спремност, дисциплина и силна тимска синхронизација, што им овозможи да се издвојат во конкуренција на шест исклучително силни тимови.

Жарко Батиќ, како интегрален дел од организацијата на Red Bull Gym Clash, изјави: “Како некој што бил дел од организација на повеќе од 10 натпревари од ваков тип, можам да кажам дека ова е најдобриот натпревар на којшто сум бил досега.

Сè помина како подмачкано, а најважно за мене беше да се спроведат стандардите на движењата, сите да бидат безбедни и да се почитува распоредот. Секоја чест за победничкиот тим FitHub, спроведоа одлична тактика, беа одлично синхронизирани и заслужено ќе нè претставуваат на светското финале.”

Еден од највпечатливите моменти на натпреварот дојде од тимот на X-Fit Битола, каде еден од натпреварувачите успешно направи неверојатен 3 Rep Max Back Squat со 167.5 килограми, поставувајќи нов рекорд за сила во рамки на националното Red Bull Gym Clash финале.

Следна станица е светското финале во Египет, каде FitHub ќе ја претставува Македонија на глобалната Red Bull Gym Clash сцена меѓу најдобрите екипи од 29 земји, со јасна цел: да се освои титулата најдобра сала за вежбање во светот!

 

Се вчитува...