Регионот и Европа – ем шокирани, ем воодушевени од Лазарова Македонија (ФОТО)

Регионот и Европа, во добар дел со неверување а во дел и со воодушевување, ја дочекаа победата на Македонија против олимпискиот и светски шампион Данска во квалификациите за ЕП 2022.

„Сензација во Скопје!… Македонците ги срушија светски шампиони!… Неверојатен старт на Лазаров на клупата на Македонија… Легендарниот Лазаров во нова улога испиша историја!“ – се дел од насловите на хрватските, српските, но и европските медиуми.

Изненадени се и данските медиуми кои очекуваа лесна победа на нивната селекција во Скопје.

Македонија, во секој случај, сега далеку порелаксирано патува за Данска каде за два дена ја очекува реванш дуелот. Во голема мера направен е клучниот чекор на патот кон ЕП.

Се вчитува...