Реимс го изненади ПСЖ среде Париз

Пари Сен Жермен го доживеа вториот пораз во новиот шампионат на Франција откако загуби со 0-2 на „Паркот на принцовите“ од Реимс. Тимот на Томас Тухел има проблеми со повредите и не успеа да ја оправда улогата на фаворит. Реимс по цели 42 години слави на гости против Пари Сен Жермен, а стрелци на головите беа Хасане Камара во 29.минута и Боулаје Диа во судиското продолжение од мечот.

„Светците“ имаа свои шанси на овој меч, меѓутоа гостинскиот голман Предраг Рајковиќ беше одличен и ја сочува мрежата. ПСЖ со 15 бода и понатаму е на врвот на табелата, а идентичен број бодови има и Анже.

Се вчитува...