Рејна: Халанд е неверојатен, секогаш знае да изненади

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна, верува дека неговиот соиграч, Ерлинг Халанд, кој прикажа одлична партија на мечот со Ајнтрахт, може да биде еден од најдобрите на сите времиња.

Рејна истакна дека Халанд е непредвидлив фудбалер, па знае често да ги изненади противниците.

„Тој постојано напредува и секој ден додава нешто ново во неговиот репертоар, а тоа го прави непредвидлив за противниците. Може да биде неверојатен. Хемијата во нашиот тим е најдобра откако сум во Дортмунд, очекувам висок пласман сезонава“ заклучи Рејна.

Се вчитува...