Рекетот со кој Рафаел Надал забележа победа над Роџер Федерер во финалето на Ролан Гарос во 2007 година кога стигна до третата титула на овој грен-слем е продаден за 118.206 долари на аукција со што стана еден од највредните сувенири.
Овој рекет Шпанецот го користеше и во претходните мечеви на турнирот вклучувајќи ја и победата во полуфиналето против Новак Ѓоковиќ.
Претходните поголеми поединечни аукции на тениски рекети го вклучуваат рекетот на Надал кој го користеше на Австралија Опен во 2022 година чија вредност достигна 139.700 долари, рекетот „Battle of the Sexes“ Били Џин Кинг кој вредеше 125 илјади долари и рекетот на Новак Ѓоковиќ користен за Ролан Гарос во 2016 година кој беше продаден за 107.482 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА