Рекорд за Леброн во поразот на Лејкерс од Филаделфија (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, имаше мешани емоции по синоќешниот дуел против Филаделфија севентисиксерс (94-138), откако сруши уште еден рекорд на Карим Абдул-Џабар во ноќта во која го претрпе најтешкиот пораз во кариерата.

Ѕвездата на Лос Анџелес со 66.298 минути стана кошаркар со најмногу поминуто време на теренот во историјата на НБА, со што го сруши повеќе деценискиот рекорд на легендарниот центар на „езерџиите“. Токму Леброн со 18 поени беше прво име кај поразените, додека кај победникот Тајрис Макси постигна 31 поен.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Портланд 110-114, Детроит – Вашингтон 107-126, Јута – Њу Орлеанс 114-112 и ЛА Клиперс – Денвер 104-113.

Се вчитува...