Рекордер: Кристијано Роналдо испиша нова историја (ФОТО)

Кристијано Роналдо беше херојот на Манчестер Јунајтед на вчерашниот натпревар против Аталанта во Лигата на Шампионите откако во 81. минута со погодок донесе пресврт на „црвените ѓаволи“ значаен нови три бода во најсилното фудбалско натпреварување.

Португалскиот ас покрај погодокот имаше и дополнитлен мотив за славје бидејќи постави и нов рекорд по бројот на настапи во европските натпреварување. Дуелот со Аталанта за Роналдо беше 187. во Европа со што го надмина легендарниот голман Икер Касилјас во кој текот на својата кариера запиша 186 настапи.

Се вчитува...