Рекордер: Рафа Маркез со настап на пет мундијали

Рафаел Маркез влезе во игра во второто полувреме од дуелот Германија – Мексико и испиша историја, станувајќи само четврти фудбалер во историјата со настап на пет мундијали.

Тој претходно беше дел и од СП 2014, СП 2010, СП 2006 и СП 2002 во Јапонија и во Јужна Кореја, со што мексиканскиот ветеран сега стана дел од одбрано друштво во кое се само уште три фудбалски легенди.

Еден од нив е Мексиканец, Антонио Карбахал, кој настапил на мундијалите во 1950, 1954, 1958, 1962 и 1966 година. Покрај Карбахал, настапи на пет различни мундијали имаат уште и Германецот Лотар Матеус (1982, 1986, 1990, 1994, 1998) и италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, кој настапуваше на СП од 1998 до 2014, а доколку Италија се пласираше на овој мундијал, тој ќе беше единствениот со шест мундијали зад своето име.

Се вчитува...