Рекордерка: Симон Бајлс го освои 21. светско злато (ВИДЕО)

Со неверојатната изведба на партер, Симон Бајлс го предводеше тимот на САД до петтото последовно тимско злато од Светските првенства, а таа стана рекордерка по бројот на златни медали. Го освои 21-от најсјаен трофеј и ја надмина легендарната Русинка Светлана Коркина според бројот на светски титули.

На првенството во Штутгарт, Бајлс во текот на викендот, во изведбите на партер и на греда буквално воведе нови движења. Изведе  два неверојатни покрета кои никој носега не ги извел во гимнастиката и сега има вкупно четири движења кои го носат нејзиното име.

Составот на САД, на првенството во Штутгарт триумфираше пред селекцијата на Русија и пред составот од Италија која во тесна битка ја изненади Кина освојувајќи ја бронзата.

 

Се вчитува...