Рекорди и статистика: Нај, нај… во финалињата од ЛШ

Финалето од Лигата на шампионите во фудбал е спортски настан број еден на клупски план на „Стариот континент“, а во книгата на рекорди сосема очекувано доминира Реал Мадрид, како најтрофеен европски клуб. Во пресрет на вечерашниот дуел, УЕФА објави детална анализа околу рекордите и статистичките податоци поврзани со финалниот дуел од елитното европско натпреварување, особено по формирањето на ЛШ.

– Најмногу настапи во финалињата од формирањето на Лигата на шампионите има Паоло Малдини (шест), но Кристијано Роналдо вечерва ќе го стигне легендарниот капитен на Милан. Покрај Роналдо по пет финалиња уште имаат и Евра, Сидорф и Ван дер Сар, а по четири пат меч за титулата играле Дел Пјеро, Давидс, Дешамп, Гигс, Пирло, Иниеста и Мориентес.

– Најмногу голови во финалните дуели од ЛШ има Кристијано Роналдо, вкупно четири како член на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. Зад него со по два се Меси, Рамос, Раул, Манџукиќ, Креспо… а Португалецот сепак е далеку од Пушкаш и Ди Стефано, кои имаат по седум погодоци во финалните натпревари од Купот на Европските шампиони.

– —

– Само шест фудбалери можат да се пофалат дека постигнале по два гола на едно финале од ЛШ (Роналдо во 2017 против Јувентус, Инзаги во 2007 против Ливерпул, Креспо во 2005 против Ливерпул, Милито во 2010 против Баерн, Ридле во 1997 против Јувентус и Даниеле Масаро во 1994 година во финалето Милан – Барселона)

– Тренер со најмногу трофеи во Лигата на шампионите е Карло Анчелоти, вкупно три (два со Милан во 2003 и 2007 и еден со Реал Мадрид во 22014 година)

– Анчелоти воедно е и тренер со најмногу учества во финалињата од ЛШ, четири, исто колку и Сер Алекс Фергусон и Марчело Липи.

– Реал Мадрид го игра своето трето финале во низа, „кралевите“ претходно имаат играно пет меча за трофеј по ред, во периодот од 1956 до 1960 година.

– Ако Реал триумфира вечерва ќе стане првиот тим што освоил три пехари по ред по Баерн Минхен (1974-1976). Претходно тоа му успеало на Ајакс (1971-1973), како и на славната генерација на Реал со пет титули европски рпвак во серија, од 9156 до 1960 година.

– „Кралевите“ се најтрофејниот европски клуб со 12 пехари, пред Милан со седум и Барселона, Ливерпул и Баерн Минхен со по пет трофеи.

– Најубедлива победа во едно финале од ЛШ е онаа на Милан над Барселона, кога „росонерите“ славеа со 4-0 во Атина, на 18 мај 1994 година. Најефикасно финале во Купот на Европските шампиони е она од 1960 година, кога Реал Мадрид го декласираше Ајнтрахт со 7-3.

– Дино Ѕоф е највозрасниот играч што учествувал во едно финале, легендарниот голман имаше 41 година и 86 дена кога бранеше за Јувентус при поразот од Хамбургер во 1983 година. Највозрасниот стрелец на едно финале е Паоло Малдини, кој го отвори резултатот на финалето Милан – Ливерпул (2005 година) на возраст од 36 години и 333 дена.

– Нванкво Кану е најмладиот играч што учествувал во едно финале, откако со 18 години и 296 дена настапи на мечот Ајакс – Милан во 1995 година. Најмладиот стрелец исто така доаѓа од тој меч, Патрик Клајверт го постигна голот за победа на Ајакс на возраст од 18 години и 327 дена.-

– Ниту Реал Мадрид ниту Ливерпул не загубиле во пенал-рулет во финале од Лигата на шампионите. „Кралевите“ славеа пред две години над Атлетико Мадрид, додека Ливерпул беше подобар од Рома во 1994 и од Милан во 2005 година.

Се вчитува...