Организаторите на Ролан Гарос објавија дека наградниот фонд за овогодинешниот турнир е зголемен за 9,5 % на 61,7 милиони евра, што е најголемиот фонд во историјата на натпреварувањето.
Шампионите во машка и женска конкуренција поединечно ќе добијат по 2,8 милиони евра, што претставува зголемување од 9,8%.
Финалистите во поединечното натпреварување ќе добијат по 1,4 милиони евра, додека полуфиналистите ќе заработат 750.000 евра. Тенисерите ќе заработат 87.000 евра за учество во првото коло во поединечното натпреварување.
Директорката на Ролан Гарос, Амели Морезмо, изјави дека организаторите на турнирот сакаат да им обезбедат на играчите најдобри можни услови и да ги слушнат нивните барања.
Овогодинешниот Ролан Гарос ќе се одржи од 24 мај до 7 јуни. Титулите во поединечното натпреварување ги бранат Карлос Алкараз и Коко Гоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

