Релаксиран старт на подготовките… Позитивно пред Полска и пред Австрија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација на 7. и 10. јуни го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020. Фаворитите во нашата група, Полска и Австрија гостуваат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашата најдобра репрезентација првиот дел од подготовките ги започна без капитенот Горан Пандев, клупски обврски сеуште имаат голманите Илиев и Шишковски, додека Адеми, Николов, Алиоски и Трајковски утре ќе бидат во стројот на селекторот Игор Ангеловски. Мала повреда на задната ложа има Дарко Велковски, но дефанзивецот на хрватска Ријека е во тренажен процес.

 

 

 

Се вчитува...