Рељиќ доби нови шест поени на олимписката ранг листа, по среброто во Тирана

Македонската таеквондо репрезентативка Милијана Релиќ, викендов, освои сребрен медал на Г-1 Опен натпревар во Тирана, Албанија.

Со овој сребрен медал, Релиќ освои нови 6 поени на олимписката ранг листа. Според Александар Ефтимов, тренер на Релиќ, ова е извонредна форма пред светското првенство во Кина, кога на крајот на месецот ќе атакуваат на медал.

Мила во полуфиналето во Тирана се бореше со Шпанката Елза Чарлс Секанел, која ја победи со 2-0 во рунди, иако Секанел зема многу поени и во двете рунди беше во водство. Но, поради извонредната кондициска форма, Мила цело време ја напаѓаше Секанел и со по 5 казнени поени, Шпанката ги загуби двете рунди.

Во финалната борба Мила беше поразена од Дора Мештровиќ од Хрватска со 0-2 во рунди.

 

Се вчитува...