Мила Рељиќ оствари нов одличен резултат за македонското таеквондо откако нашата репрезентаљтивка се закити со бронзен медал на СП за жени што се одржува во Кина.
Веднаш по завршувањето на настапот на Медитеранските игри во Таранто таа одлета за Кина, каде се прикажа во одлично свето во категоријата до 62 килограми.
Рељиќ беше слободна во првото коло, а потоа настапот на ова СП го почна со победда со нокаут над домашната репрезентативка Санг Џијао.
Потоа следеше победа од 2-1 над Мохидил од Узбекистан, за во четвртфиналето со идентичен резултат Рељиќ да слави и над Ван Веи Чиа од Тајпеј.
За жал, во неизвесното полуфинале македонската таеквондистка потклекна во финишот и загуби со 1-2 од Русинката Мотлок, па Мила наместо борба за злато, на крајот мораше да се задоволи само со бронзено одличје на градите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
