Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Релјиќ го заврши својот настап на Медитеранските игри во Таранто, на чекор до освојување на медал, откако беше елиминирана во четвртфиналето.
Откако одлично го почна турнирот со убедлив триумф над домашната натпреварувачка Ана Куорво во категоријата до 57 килограми, втората пречка беше претешка за освојување на прв медал за Македонија на овие игри.
Во четвртфиналето подобра од нашата таеквондистка со максимални 2-0 по рунди беше Тунижанката, Чама Туоми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
