Ремек-дело: Бејл го замолкна „Камп ноу“

Герет Бејл премногу често е критикуван, но велшкиот ас речиси секогаш кога ќе добие шанса истата ја користи. Впрочем, доказ за тоа е и денешното вечно дерби на кое токму Бејл го израмни резултатот на 2-2.

Барселона со играч помалку имаше водство од 1-2, но Бејл покажа зошто до пред неколку години беше најскап светски фудбалер, со мајсторски удар од работ на шеснаесетникот матирајќи го Тер Штеген, по одличното додавање на Асенсио.

Се вчитува...