Арсенал има предност од 0-2 по првото полувреме на гостувањето против Лидс, исход што најмногу се должи на извонредното издание на Нони Мадуеке.
Крилниот офанзивец доби шанса по повредата на Сака и максимално ја искористи, најпрвин асистираше до Зубименди при првиот гол за „топчиите“, а потоа го постигна и еден од најубавите голови сезонава во Премиер-лигата.
Мадуеке изведе корнер и мајсторски стрелаше под гредата во близина на првиот дирек, домашниот голман не се снајде најдобро и топката несмасно само ја турна кон мрежата, за огромна радост на „топчиите“ и нивните фанови на „Иланд роуд“.
Мајсторијата на Нони Мадуеке во Лидс можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

