Ремек-дело на Кимих, Борусија е на колена

Баерн Минхен има водство од 0-1 на крајот од првото полувреме од големото дерби со Борусија Дортмунд, благодарение на фантастичниот погодок што го постигна Џошуа Кимих.

Германскиот репрезентативец извонредно се снајде во 43. минута, кога од дваесетина метри наместо да шутне силно реши да го лобува голманот Бурки, кој остана изненаден и не успеа да спречи топката да заврши во неговата мрежа.

Доколку Баерн го задржи водството, актуелниот првак ќе има предност од седум бода во однос на главниот ривал и ќе направи огромен чекор напред кон нова шампионска титула.

Се вчитува...