„Ремек-дело“ на Леонард Жута од слободен удар за Валеренга (ВИДЕО)

Некогашниот македонски репрезентативец Леонард Жута, вчера го постигна голот на колото во Норвешка, откако стрелаше од слободен удар за неговата Валеренга.

Левиот бек во 47. минута погоди под пречката од прекин од 25 метри, за да ги постави конечните 3-0 во дуелот со Стромгостед.

Тоа беше прв гол на Македонецот во норвешкиот шампионат, откако летото се приклучи на Валеренга од таборот на Лече.

 

Се вчитува...