Ремек-дело: „Проектил“ на Алиоски против Хадерсфилд… (ВИДЕО)

Езгијан Алиоски е во главна улога на дуелот Хадерсфилд – Лидс, откако македонскиот репрезентативец на почетокот до вториот дел постигна фантастичен погодок за водство на гостинската екипа.

Лидс изведе корнер, а одбиената топка дојде до Алиоски, кој со волеј-удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на Хадерсфилд.

Лидс чекори кон елитното англиско фудбалско друштво, а Алиоски дефинитивно е меѓу најзаслужните за добрите резултати за тимот на Марсело Биелса.

Се вчитува...