Хрватска по неверојатна битка успеа да се пласира во четвртфиналето од младинското ЕП и покрај денешниот пораз од Англија од 2-1. Англичаните мораа да бркаат победа од два гола разлика за да завршат пред „коцкестите“, а кога Куртис Џонс погоди се чинеше дека целта е остварена.
Сепак, Хрватите не се откажаа, па во 91. минута стигнаа до посакуваниот погодок, и тоа вистински еврогол на Брадариќ со кој младиот фудбалер ја одведе својата селекција во следната рунда.
Првопласирана во оваа група беше Португалија, која славеше на денешниот натпревар против Швајцарија со 3-0. Португалците имаат девет бода, Хрватска, Швајцарија и Англија по три, но „коцкестите поради најдобриот скор во меѓусебните дуели на овие три селекции го освоија второто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА