Ремек-делото на Кристијано Роналдо, гол на сезоната во Европа

Апсолутно очекувано, Кристијано Роналдо го доби признанието за најубав погодок постигнат во натпреварувањата „под капата“ на УЕФА за сезоната 2017/2018, за евроголот што Португалецот го постигна на гостувањето против Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Тој со „ножички“ ја зафати топката и ја смести во мрежата на немоќниот Буфон, гол за кој освои речиси 200.000 гласови од вкупно 346.915 гласови од фановите ширум Европа.

Второто место му припадна на Дмитри Паје од Олимпик Марсеј, а третата позиција ја освои Ева Наваро од У17 репрезентацијата на Шпанија, за голот против соодветната селекција на Германија.

Се вчитува...