Реми и голеада во Гелзенкирхен, триумф на Лајпциг

Фортуна Диселдорф успеа да извлече бод на гостувањето во Гелзенкирхен против Шалке играјќи 3-3. Хенингс во 85.минута постигна израмнувачки погодок за гостите на овој меч. Шалке трипати имаше водство, но на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Лајпциг оствари важна победа на гости (2-4) против Херта во Берлин и се искачи на втората позиција на табелата со 21 бод. Тимо Вернер беше двоен стрелец, а во листата на стрелците се запишаа и Марсел Сабицер и Кевин Кампл.

Унион Берлин исто така славеше надвор од дома, победувајќи го Унион Берлин со 2-3, а Аугсбург освои три бода на гости против Падерборн (0-1) со голот на Филип Макс.

Се вчитува...