Реми и пораз на Македонија во контролните мечеви со Црна Гора

Младата женска селекција на Македонија до 17 година ги одигра двата контролни натпревари против соодветната репрезентација на Црна Гора во Тиват.

Нашата млада репрезентација на првиот контролен дуел одигра нерешено 3-3, додека на вториот загуби со 3-1.

На првиот контролен меч стрелци на головите за Македонија беа Васка Василева, Настасја Накова и Михаела Додевска. На вториот дуел, единствениот погодок за нашата репрезентација беше дело  на Емили Митковска.

Се вчитува...