Реми на Алавес и Валенсија, Димитриевски не доби шанса

Алавес и Валенсија ремизираа без постигнат гол во последниот натпревар од 9. коло во шпанското првенство.

И овој натпревар македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го проследи од клупата за резерви.

Ова е четвртиот натпревар во низа во кој Валенсија не успеа да стигне до победа па останува на 14. место на табелата. Алавес пак е на 10. место со 12 освоени бодови, три повеќе од денешниот противник.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...