Севилја и Рома ќе играат продолженија во финалето на Лигата на Европа, откако по 90 минути игра резултатот на семафорот на „Ференц Пушкаш“ арената во Будимпешта резултатот изнесува 1-1.
Првата убава шанса во натпреварот ја имаа „римјаните“, откако во 12. минута биеше Спинацола, но неговиот удар го спречи Боно.
Во 31. минута Немања Гудељ стартуваше над Тами Абрахам по што ВАР проверуваше дали има елементи за пенал. Сепак, по проверката главниот судија Тејлор не досуди пенал за „римската волчица“.
Сепак, Рома стигна до водство од 1-0 со погодокот на Пауло Дибала во 35. минута. Првата шанса Севилја ја имаше во 43. минута кога од по центаршутот од корнер на Ракитиќ, Ен Незири биеше над голот на рома.
Нова шанса Севилја имаше во 6. минута од судиското надополнување во првиот дел кога Ракитиќ одлично биеше од 20-тина метри, но топката заврши во стативата.
Севилја до израмнување од 1-1 стигна во 55. минута по автоголот на Манчини. Во 67. минута Рома имаше неверојатна шанса, но одлично интервенираше Боно.
Во 75. минута Ибањез стартуваше над Окампос, по што Тејлор се одлучи да досуди пенал, но по преглед со ВАР фаулот беше поништен.
Во 81. минута Тејлор повторно беше во прв план, откако Фернандо играше со рака во шеснаесетникот на Севилја, но англискиот судија одлучи дека немало намера во неговото играње со рака. До крајот на регуларните 90 минути мируваа мрежите, а натпреварот замина во продолженија.
Sevilla 0 – [1] Roma – Paulo Dybala 34′ [UEFA Europa League, Final]
by u/CivillyWalk757 in soccer
Sevilla [1] – 1 Roma – Gianluca Mancini 55′ OG [UEFA Europa League, Final]
by u/CivillyWalk757 in soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА