Реми на „Гудисон“ – Евертон и Тотенхем се подалеку од Европа

Во натпреварот од 32. коло во Премиерлигата, Евертон и Тотенхем одиграа суперинтересен натпревар по кој ги поделија бодовите (2-2), што и за двата состава значи чекор подалеку од излез на европската сцена следната сезона.

Резултатот го отвори Хари Кејн во 27. минута од натпреварот преку одличен волеј, но славјето на лондонскиот состав не траеше долго бидејќи само четири минути подоцна Гилфи Сигуртсон реализираше од белата точка по стартот над Родригез во шеснаесетникот за 1-1. Неколку минути подоцна, фудбалерите на Евертон повторно имаа шанса да го совладаат Лорис, но Французинот беше на врвот на својата задача на голот.

Интересниот натпревар со голем број на шанси продолжи и во второто полувреме, а за целосен пресврт на домаќините повторно стрелаше Сигуртстон по одличната акција на „сините“ во 62. минута од мечот, но набргу потоа повторно во листата на стрелци се запиша Кејн во 68. минута од натпреварот за 2-2.

 

Се вчитува...