Реми на Херта и Шалке за старт на 20. коло во Бундеслигата

Херта Берлин и Шалке 04 одиграа без голови 0-0 за старт на 20. коло во германската Бундеслига. Првото полувреме помина без поголеми шанси. Додека во вториот дел единствената добра шанса ја имаше Грегорич во 86. минута.

Со овој бод Шалке останува на шестата позиција на првенствената табела со 34 бода, односно два помалку од Борусија Дортмунд која е четвртопласирана, односно на последното место кое води во Лигата на шамионите следната сезона. Херта останува тринаесетта со 23 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...