Реми на Лазаров и Нант во дербито со Аикс

Кирил Лазаров и неговиот Нант одиграа нерешено 23-23 против Аикс во дербито на колото во францускиот шампионат. Лазаров одигра солиден натпревар во кој постигна три гола, сите три од пенал. Најефикасен кај Нант беше Валеро Ривера со пет гола, додека во редовите на Аикс Габриел Лош постигна шест гола.

На табелата Нант останува петтопласиран со 18 бода, четири помалку од денешниот противник кој е место погоре.

 

 

Се вчитува...