Реми на Миркуловски со Гепинген, продолжува „агонијата“ на Кузмановски и Хановер

Филип Кузмановски и неговиот Магдебург продолжуваат со лошите партии сезонава во Бундеслигата, откако вечерва беа поразени и од директниот конкурент во борбата за опстанок, Балинген со 28-26. Клучно за поразот беше првото полувреме кое домаќините го добија со 16-13. Кузмановски и соиграчите не успеаја во вториот дел да се вратат целосно во мечот и на крајот го забележија и четврттиот пораз во петтиот меч сезонава.

Филип Миркуловски и Вецлар стигнаа до реми против фаворизираниот Гепинген на домашен терен 28-28. Еден меч кој помина во егал во текот на сите 60 минути и најреално беше да заврши со поделба на бодовите на двата тима.

Се вчитува...