Реми на Муслиу, пораз на Чурлинов

Македонските репрезентативци немаа многу успех на денешните натпревари во втората Бундес-лигата откако ниту Висар Муслиу ниту Дарко Чурлинов не се израдуваа на триумф со своите тимови.

Муслиу со Инголштад ремизираше 0-0 на домашен терен против Сандхаузен, а дефанзивецот ги мина сите 90 минути на теренот. Ова беше втор меч на кој Муслиу беше стартер за Инголштад и неговиот тголман повторно не ја вадеше топката од мрежата, но пред македонскиот интернационалец и соиграчите е тешка битка за опстанок до крајот на сезонава.

Шалке загуби значајни бодови во трката за највисок пласман откако тимот на Чурлинов прокоцка предност од 0-1 и на крајот загуби со 2-1 на гостувањето против Фортуна Дизелдорф. Македонскиот напаѓач влезе во игра во 60. минута, непосредно по примањето на вториот гол, но Шалке не успеа да стигне до израмнување до крајот на натпреварот.

Се вчитува...