Реми на Охрид и Еурофарм Пелистер 2 во Битола

Еурофарм Пелистер 2 и Охрид одиграа без победник 28-28 во натпревар од 11. коло во ракометната Суперлига на Македонија. Првиот дел помина во израмнеата игра, а домаќините на пауза заминаа со минимална предност од 13-12.

Во второто полувреме гостите заиграа далеку подобро и на крајот можат да жалат што не стигнаа до полн плен. Избраниците на Раде Стојановиќ на две минути до крај имаа предност од 26-28, но не успеа да реализираат ниту еден од нивните напади и со два гола домаќините успеаја да стигнат до реми.

Мице Шилегов со 14 гола беше убедливо најдобриот поединец на натпреварот, додека кај домаќините Павле Атанасијевиќ заврши со седум погодоци.

Се вчитува...