Реми на Пелистер и Македонија ЃП во Битола (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер и Македонија Ѓорче Петров одиграа без победник 1-1 во првиот натпревар од денешната програма од 15. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 по големата грешка на домашниот голман Андреј Јовчевски во 22. минута, гол кој на крајот му беше препишан на Христијан Пецов.

Во второто полувреме домаќините одиграа подобро, па добрата игра успеаја да ја материјализираат со погодокот на Лука Булатовиќ во 63. минута за 1-1. До крајот мируваа мрежите, по што двата тима си поделија по еден бод.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...