Реми на Победа на гостувањето против Скендербег во Корча

Прволигашот Победа ремизираше (2-2) на пријателскиот натпревар против Скендербег во Корча, кој прилепчани го искористија за подготовка пред продолжението од сезоната по паузата поради репрезентативните активности.

Победа, која настапи во комбиниран состав, поведе со голот на засилувањето Макота во 11. минута. Домаќините израмнија во 45. минута, а до целосен пресврт стигнаа со голот на Ренато во 57. минута. Конечните 2-2 ги постави Танушев со гол во 81. минута.

Победа на дуелот настапи со следниот состав: Тофилоски, Спиркоски, Јаќимовиќ, Драгарски, Исаевски, Ј. Наумоски, Маркоски, Танушев, Ефремов, Макота и Каланоски, а уште играа: Манчевски, Ристевски, Тимовски, Мандиќ, Мустафов, Шопоски, Гешоски и Велковски.

Се вчитува...