Реми на полувреме во Кратово меѓу Силекс и Академија Пандев (ВИДЕО)

Силекс и Академија Пандев играат реми 1-1 на полувреме во Кратово во премиерниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци до водство од 1-0 стигнаа во 37. минута со голот на Обадовиќ. Јанкулов одлично проби од десната страна и биеше кон голот на гостите, а по интервенцијата на голманот на струмичани Јовановски најдобро се снајде Обадовиќ кој го постигна третиот првенствен погодок сезонава.

Гостите по шест минути успеаја да израмнат на 1-1 со феноменалниот гол на Велиновски.

 

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 часот)

Силекс – Академија Пандев (полувреме 1-1)

УТРЕ (16 часот) 

Скопје – Шкупи

Брегалница – Македонија ЃП

Работнички – Тиквеш

Шкендија – Струга ТЛ

Слободна: Победа

Се вчитува...