Реми на пријателскиот натпревар меѓу Шкендија и Работнички

Македонските фудбалски тимови репрезентативната пауза ја користат како би ја задржале формата за финишот на сезоната во Првата и втората фудбалска лига на Македонија.

Денеска во Тетово контролен дуел одиграа прволигашите Шкендија и Работнички кој заврши без победник 1-1.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Флорент Рамадани во 30. минута од натпреварот. Конечните 1-1 ги постави Кристоџаје Делиј во 47. минута.

 

Се вчитува...