Реми на Ренова со Струга ТЛ во Охрид

По поразот од Лабуништа и ремито со Скендербег од Корча, екипата на Ренова ремизираше на уште тест дуел за време на своите подготовки во Охрид.

На пријателскиот натпревар кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, „гипсарите“ одиграа без победник (1-1) против второлигашот Струга ТЛ.

Ренова дојде до водство со погодокот на Фетјон Јусуфи, а Струга Трим Лум израмни со голот на засилувањето Валентин Кочоски во 69. минута од средбата. Фисник Нухиу во првото полувреме не реализираше и удар од белата точка за Ренова.

Се вчитува...